27 години постариот милијардер ја спасил од дното: Руската убавица денес е икона на стилот, а некогаш – дилери, дрога, затвор...

Точка

23/05/2020

11:16

5.875

Големина на фонт

а а а

Манекенката Елена Перминова денес има живот како од бајките – сопруга е на милијардерот Александар Лебедев со кој има три деца, прекрасна вила, многубројни патувања зад себе, скапоцени автомобили и облека од најпознатите светски дизајнери.

Нејзината животна приказна ја започнала во студениот Сибир каде што живеела со своите родители и сестра, а кога нивниот татко ќе им донесел чоколадо тие биле многу среќни.

Потоа, на 16-годишна возраст таа го напуштила домот на своите родители и набрзо почнале проблемите со тогашното момче.


Русокосата била уловена како дила дрога во некој ноќен клуб, поради што завршила во затвор. Меѓутоа, набрзо нејзиниот живот се сменил од корен, со неверојатна брзина.

Елена од затвор ја извадил нејзиниот сегашен сопруг, милијардерот Александар Лебедев.


Дилерот кој што Елена го кажала на полицијата ѝ се заканувал со смрт, а во Русија не постои заштита на сведоци, па била осудена на 6 години затвор.

Неколку години подоцна Елена и 27 години постариот милијардер се заљубиле, а оттогаш таа него го нарекува ангел чувар.

Набрзо по излегувањето од затвор започнала нејзината кариера како модел, па се фотографирала за славното списание „Плејбој“. Многумина ѝ замериле за тоа, но таа истакнува дека никогаш не ѝ било срам да го направи тоа.

Паралелно завршила факултет во Москва, влегла во водите на модниот свет во кој набрзо напредувала многу, па денес важи за една од најголемите икони на стилот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг