Огромен успех за македонското здравство: Успешна првата трансплантација на срце во земјава

Нетпрес

23/05/2020

10:15

3.001

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека првата трансплантација на срце која синоќа се изведе на Клиниката за кардиохирургија во Скопје е успешна.

„Трансплантацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.

Министерот вчера сподели фотографија од тимот хирурзи и информираше дека се прават подготовски за почеток на операцијата, која потенцираше дека е исклучително тешка и ризична.

Срцето е трансплантирано од почината пациентка чие семејство се согласило да го донира срцето на пациент кој подолго време чекал донор. 

Операцијата ја изведе тим хирурзи составен од Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, Жан Митрев од приватната Клиника „Жан Митрев“ и Александар Николиќ од Клиниката „Систина“ и анестезиологот од КАРИЛ Маја Мојсова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг