Чудо какво што не се памети! Во страшниот пад на патнички авион има преживеани

Точка

22/05/2020

22:51

6.449

Големина на фонт

а а а

Засега не е познато дали некој настрадал во куќите над кои паднал авионот.

Службеници од пакистанското цивилно воздухопловство денес соопштиле дека две лица го преживеале падот на патничкиот авион со 98 патници и членови на екипажот кој се урнал во станбена област во Карачи. 

Локалните власти денес навеле дека сите патници настрадале. Меѓутоа, локални телевизии пренеле изјава на едно лице од самото место, кое рекло дека има преживеани.

Во првите извештаи се наведувало дека во авионот имало 107 патници и членови на екипажот, но подоцна било прецизирано дека имало 91 патник и уште седум членови на екипажот.

Градоначалникот на Карачи, Васим Ахтар, изјавил дека неколку куќи биле уништени во падот на авионот на пакистанската авиокомпанија "PIA". Засега не се знае дали има настрадани во тие куќи.

Авионот летал од градот Лахоре кон меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, еден од најраздвижените пакистански аеродроми.

Министерството за внатрешни работи навело дека пилот пријавил дека авионот останал без еден мотор.

Несреќата се случила неколку дена откако Пакистан дал дозвола за комерцијални летови внатре во земјата. Тие врски биле во прекин повеќе од еден месец поради епидемијата на коронавирусот.

Во Пакистан релативно често се случуваат авионски и хеликоптерски несреќи. Последната авионска несреќа се случила во декември 2016-та година. Тогаш авион на истата компанија се урнал во планинска област на северот. Загинале 47 лица.

Најлошата несреќа се случила во 2010-та година. Авионот "Airbus 321" на релација Карачи-Исламабад, се урнал непосредно пред слетувањето. Тогаш настрадале 152 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг