Сорос нуди решение за спас на ЕУ

Точка

22/05/2020

22:01

5.278

Големина на фонт

а а а

Американскиот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос изјавил дека пандемијата на коронавирусот се заканува на опстанокот на Европа и се заложил за издавање на европски обврзници.

"Ако ЕУ не може сега тоа да го разгледа, можеби нема да ги надживее предизвиците со кои сега се соочува", смета Сорос. 

"Тоа не е теоретска можност. Тоа може да биде трагична реалност".

Сорос преку мејл одговарал на прашања на новинарите и навел дек ЕУ би требало да има кредитен рејтинг ААА за издавање на такви обврзници. Поради тоа, како што додал, би требало да има овластувања за собирање на даноци за да ги покрие трошоците од таквите обврзници.

"Постои решение", рекол Сорос, американскиот инвеститор кој се прославил со успешното обложување против фунтата во 1992-ра година.

"Даноците само треба да бидат одобрени, не треба да бидат имплементирани", додал Сорос.

Коментирајќи го Брегзит, Сорос рекол дека е посебно загрижен поради растот на евроскептицизмот во Италија и потоа го поставил прашањето "што би останало од Европа без Италија?".

"Олеснувањето на правилата за државна субвенција, кое го фаворизира Германија, посебно е неправедно кон Италија, која веќе беше европски пациент, а потоа и најпогодена држава од Ковид-19", оценил Сорос.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот предложиле основање на фонд од 500 милијарди евра за најтешко погодените региони и економски сектори на ЕУ.

Притоа, како што е нагласено, станува збор за финансиска помош, а не за кредит. Европската комисија оваа света би требало да ја финансира преку заеднички обврзници.

Франција и Германија, чии договори обично отвораат пат за пошироки преговори во ЕУ, предложуваат Европската комисија да позајми и да потроши пари во име на цела ЕУ.

На тоа се противат фискално поодговорните, штедливи членки на ЕУ - Австрија, Холандија, Данска и Шведска.

Австрискиот канцелар најавил дека наведените земји ќе изнесат свој противпредлог.




Спонзорирани линкови

Маркетинг