Вистински пирати од Карибите нападнале аргентински морнари, капетанот доживеал паничен напад

Точка

22/05/2020

21:54

2.173

Големина на фонт

а а а

Драматичен настан ги променил животите на 21 аргентински член на екипажот на брод за нафта во карипските води. Тие два месеци се заглавени и без можност да се вратат во својата земја поради пандемијата, а покрај тоа биле нападнати и ограбени од вооружена банда.

Се се случило во кристално чистите води на Карибите, покрај брегот на Хаити. Танкерот бил нападнат од група мажи вооружени со мачети, трозапци и ножеви, кои се заканувале и го ограбиле екипажот. 

"Тосна Стар", брод за транспорт на нафта на аргентинската компанија "Маритима Маруба", бил нападнат во неделата во околу 21 часот навечер, се наведува на Фејсбук профилот на еден од морнарите, Клаудио Омар Бенитез.

"Одненадеж го пресретнале дежурниот морнар, користејќи го мракот. Му ставиле мачета на стомак и нервозно му наредиле да им го даде телефонот и се што има во него", напишал Бенитез, кој препознал дека напаѓачите биле од Хаити.

Пиратите, меѓу 10 и 12 мажи, ги видел еден од членовите на екипажот, кој ги предупредил останатите да побараат помош. Во меѓувреме, капетанот, кој добил паничен напад поради ситуацијата, не можел да излезе од кабината додека напаѓачите не влегле во чамците и побегнале со пленот.

Тројца мажи биле повредени, а меѓу нив и дежурниот морнар. Тој во моментов добива психолошка помош преку WhatsApp, додека чека на враќање дома.

Бродот го напуштил Буенос Аирес на 23-ти декември и требало да се врати во Аргентина во март, но пандемијата и затворањето на границите го оставиле на Хаити.




Спонзорирани линкови

Маркетинг