Велика Британија воведува 14-дневен карантин за сите кои доаѓаат од странство

Макфакс

22/05/2020

21:44

1.192

Големина на фонт

а а а

Во Велика Британија од 8 јуни ќе биде задолжителен 14-дневен карантин за секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, рече британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, а со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Сега, откако го поминавме врвот на заразата мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно ширење на оваа смртоносна болест“, рече Пател на прес-конференција.

Непочитувањето на оваа мерка ќе се казни со казна до 1.000 фунти.

Карантинот нема да биде задолжителен за оние што доаѓаат од Република Ирска, возачите на камиони, медицинскиот персонал и сезонските земјоделски работници, а мерката ќе се преиспитува на секои три недели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг