Редари, маски и растојание од два метри во продавниците уште најмалку шест месеци

Макфакс

22/05/2020

23:40

2.851

Големина на фонт

а а а

Редарите, правилото за два метри растојание меѓу купувачите, дезинфекција на раце при влез во објектот и другите правила кои важат сега за превенција од коронавирусот, ќе мора да се применуваат и 200 дена по престанокот на вонредната состојба, одлучи Владата.

„Владата на седница ги донесе измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба согласно која за уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време“, се наведува во соопштението.




Спонзорирани линкови

Маркетинг