Со брза интервенција на пожарникарите изгаснат пожарот во близина на бензинска пумпа

Макфакс

22/05/2020

21:30

293

Големина на фонт

а а а

Противпожарните екипи попладнево успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во близина на бензинска пумпа во скопската населба Радишани.

Благодарение на брзата интервенција на пет пожарникарски екипи спречени се ширењето на пламените јазици и поголема материјална штета.

Според информациите од терен, припадниците на Противпожарната бригада пожртвувано се качувале на камиони, автомобили и на оградите во близина со цел што побргу да го спречат ширењето на огнот.

Пожарот избувна во објект околу кој имаше бујна вегетација, а според изјави на очевидци, тој настанал од искра при сечење железо.

Граѓаните во паника ги преместуваа своите возила паркирани во близина на пожарот и бензинската пумпа, која поради навремната интервенција од службите, остана надвор од дофатот на огнот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг