Поранешната манекенка шокирала со изјавата: "Училиштето е губење време, моите деца ќе заработуваат на Инстаграм"

Точка

22/05/2020

21:26

2.348

Големина на фонт

а а а

Поранешната манекенка Карла Белучи, одбива да ги едуцира своите деца дома за време на карантинот, тврдејќи дека за нив е покорисно да се занимаваат со социјални мрежи.

За британски "Sun" открила дека нејзината ќерка Таниша и синот Џејден за време на карантинот деновите ги минувале играјќи видео игри и сликајќи се за на Инстаграм. 

"Единственото нешто што Таниша го чита се статуси на социјалните мрежи, а единствената математика со која се занимава е сметање колку нови пријатели добила на Инстаграм. Не ја интересира училиште, а јас не ја терам", вели Карла.

View this post on Instagram

?

A post shared by Carla Bellucci (@officialcarlabellucci) on

Објаснила дека и е здодевно да се занимава со учење на децата дома ако наставниците не се трудат да држат лекции преку Интернет. Таа смета дека нејзините деца имаат попаметна работа отколку да учат за училиште.

"Ќе го искористат ова време за да се фокусираат на тоа да станат славни, а ќе ми помагаат на мене со моите фотографии за социјалните мрежи. Не ме интересира што не учеа за време на карантинот. Веќе имаат стекнато доволно самодоверба и се трудат да станат ѕвезди на "TikTok" или "YouTube". Тоа е вистинската кариера и парите се таму", тврди Карла.

Додала и дека нејзините деца се паметни, но не за учење и дека книгите се за здодевни луѓе. Наместо тоа, таа ја учи ќерката Таниша како да се нашминка и да направи фризура која ќе изгледа добро на фотографиите, а Џејден сака да стане професионален гејмер или актер, па деновите ги минува во играње на игри или гледајќи "Netflix".

Мислењата на другите, вели, не ја интересираат.

"Јас сум фантастична мајка и знам што сакаат моите деца. Губењето на време на училиште нема никаде да не однесе. Не ме интересира што мислат луѓето, само се љубоморни", заклучила таа.

Ова не е прв пат Карла со своите бизарни методи за воспитување да го привлекува вниманието на јавноста. Минатата година изјавила дека нејзината ќерка е "грозна и неинтелигентна" и дека ја поттикнува кога ќе може, да почне со естетски операции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг