„Немилосрдниот Новак им ја уништи кариерата“ – фасцинантни податоци за Ѓоковиќ

Точка

22/05/2020

13:42

3.262

Големина на фонт

а а а

Во петокот, првиот тенисер во светот – Новак Ѓоковиќ, наполни 33 години. Новинар од „NYT“, Бен Ротенберг изнел неверојатни податоци за еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

„Сите тенисери до 32 години имаат само по два гренд слем трофеи – Хуан Мартин дел Потро, кој го освои УС опен во 2009-та година и Марин Чилиќ, исто така славеше во Њујорк во 2014-та година. Уше попрецизно, играчи на планетата кои што имаат до 31 година немаат ниту еден гренд слем“ - напишал Бен на социјалната мрежа Твитер.

Ноле уништил многубројни соништа на тенисерите, а во еден момент Жо-Вилфрд Цонга, кој има само шест победи против Ѓоковиќ кој го победи него 17 пати, признал дека Србинот му ја уништил кариерата.

Српскиот ас во текот на долгогодишната кариера освои 17 гренд слемови, осум титули на Австралиан опен, пет на Вимблдон, три на УС опен и еден на Ролан Гарос.

Тој е трет на вечната листа зад Рафаел Надал со 19 и Роџер Федерер со 20 титули.

Интересен е и податокот дека до гренд слем финале доаѓале само четири активни тенисери помлади од 31 година: Данил Медведев кој има 24 години, Доминик Тим 26 години, Милош Раониќ 29 години и Кеи Нишикори 30 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг