Научниците развија наноботи кои што можат да лечат карцином – брзо и ефикасно

Точка

22/05/2020

12:40

4.233

Големина на фонт

а а а

Наноботите би можеле да ги идентификуваат заболените станици, да дојдат до нив и едноставно да го пуштат лекот таму каде што треба да биде, со што лечењето би било пократко и поефикасно.

Научниците со години го бараат лекот против карцином. Но, во поголемиот дел од случаите, лечењето на карциномот бара комбинација од зрачење и хемотерапија која што ги уништува болните, но и здравите станици во човечкото тело.

Меѓутоа, во иднина сето тоа може да се смени. Група научници развија минијатурни роботи, наноботи, кои што се направени така што во телото на човекот да се однесуваат како бели крвни зрнца и да го нападнат канцерот директно во телото, без оштетување на другите станици.

„Нашата визија е да се создаде следна генерација на уреди за минимално инвезивни лекови кои што би можеле да допрат дури и до најдлабоките ткива во внатрешноста на телото“ – истакнал Мерин Сит, дел од научниците кои што работеле на истражувањето.


Наноботите кои што ги разиле научниците изгледаат како мали топчиња, опремени со посебни биомолекули кои што им овозможуваат да идентификуваат различни видови станици.

Кога наноботот ќе ја препознае заболената станица, едноставно го отпушта лекот кој што го носи во себе.

Користејќи магнетни полиња, наноботите можат да се движат низ крвните садови, што е предизвикувачки поради силниот крвен ток.

Но, иако целата оваа работа звучи ветувачки, сè уште мора да се почека додека наноботите се појават во нашите болници.


Имено, иако научниците докажале дека наноботите функционираат во лабораториски услови, сè уште мора да се осмисли начин како да се следат додека патуваат во телото и што да се прави со нив кога ќе си ја исполнат својата задача.

Дури потоа може да се започне со клиничките тестови на луѓето, за што можеби ќе треба да почекаме повеќе години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг