На работната задача во Охрид 14 вработени во МВР заразени со ковид-19, уште 103 лица се во изолација

Нетпрес

22/05/2020

11:43

1.072

Големина на фонт

а а а

Вкупно 14 вработени во МВР до сега се заразени со ковид-19, информираат од МВР.

Од таму велат дека по направени епдемилошки анкети, на 103 полициски службеници им се издадени решенија и се ставени во изолација по добиените резултати на заболените лица.

Се работи за припадници на ЕБР кои заедно со свои колеги престојувале на работни задачи во Охрид.

По откриените случаи на заразени лица, објектот каде што престојувале полицајците е затворен и направена е целосна дезинфекција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг