Го хакирале системот: Од турска џамија наместо молитва, ечеше песната „Бела чао“

Точка

22/05/2020

10:17

4.383

Големина на фонт

а а а

Турските власти отворија истрага откако во градот Измир бил хакиран системот за повикување на молитва, па од минарињата на неколку џамии била пуштена италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.

Песната била пуштена наместо повикот на молитва кој се емитува пет пати во текот на денот. Локалниот огранок на турските власти задолжени за верски прашања го потврди овој инцидент и најави отворање на внатрешна истрага и поднесување на пријава до полицијата.

„Песната „Бела чао“ беше емитувана откако непознати лица го саботирале и нелегално го хакирале системот кој повикува на молитва“, стои во соопштението.

Обвинителството во Измир отвори истрага во врска со овој инцидент, а портпаролот на владеачката партија Омер Челик на Твитер го осуди инцидентот и порача дека ќе бидат пронајдени сторителите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг