Точка ТВ: Апликацијата од Кина по која полудеа милијарди луѓе крие мрачна шпионска тајна

Точка

22/05/2020

23:11

6.761

Големина на фонт

а а а

“TikTok” е мрежа која бележи убедливо најголем раст во однос на конкурентите. Само во претходните 12 месеци била преземена повеќе од милијарда пати. Меѓутоа, популарноста со себе носи и големи сомнежи, посебно по критиките дека во оваа апликација прсти вмешала и кинеската влада.

Апликацијата “TikTok” за прв пат се појавила во 2017-та година, а за многу кратко време станала една од најпопуларните во целиот свет. За принципот на работа на оваа апликација веројатно веќе и знаете: објавувате кратки видеа, најчесто оди музика во позадина, а последно време младите ја користат и со плејбек. 

Денес, “TikTok” е глобален феномен, а американските власти велат дека апликацијата ја користи Кина за да ги шпионира луѓето низ целиот свет, најмногу Американците.

Ако не сте знаеле, “TikTok” е најпреземаната апликација во САД, а токму тука и “лежи” проблемот на американските влада околу оваа апликација.

Разузнавачките власти сметаат дека “TikTok”, поради тоа што е од Кина, е подложен на чести контроли од страна на комунистичката власт. Разузнавачките служби ги обвинуваат кинеските власти дека ја користат апликацијата за да пристапат до податоците на корисниците, вклучувајќи ги оние од САД.

“TikTok следи се што ќе напишете, вашата локација, вашите пребарувања и сето тоа го праќа во Кина. Ќе донесеме закон за да се забрани оваа апликација”, рекол во една прилика Џош Холи, републикански сенатор.

Во декември минатата година, морнарицата и војската на САД строго им забраниле на своите припадници да ја користат оваа апликација, поради страв дека би можеле да бидат шпионирани и преку нив кинеските власти да дојдат до важни воени тајни.

Но, покрај “шпионскиот” има уште еден проблем. “TikTok” им пречи на Американците и поради огромниот профит кој оваа компанија го прави. Имено, ,”ByteDance”, компанијата која стои зад оваа апликација, има вредност проценета на преку 100 милијарди долари. 

Некои “TikTok” го нарекуваат и “Facebook од Кина”, па оваа апликација се смета за директен конкурент на “Facebook”, кој во последните неколку години бележи голема стагнација во бројот на нови корисници. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk