Почувствувала убод и се превиткувала од болки, дури на снимката видела што ја нападнало

Точка

21/05/2020

22:00

14.586

Големина на фонт

а а а

Навивачка од Тексас во градина почнала да прави вежби, а штом се соблекла и застанала на земја, почнала да се превиткува од болки.

Парис Монтгомери не ни сфатила дека ја гризнала отровна змија, туку, како што навела нејзината мајка на Фејсбук, мислела дека само се боцнала од гранка.

За среќа, сакала да ги снима своите вежби, па така камерата го забележал моментот во кој се случило тоа и можела да им ја покаже снимката на лекарите кои ја забележале змијата и брзо ѝ дале противотров.


„Само одеднаш силно ме здоболе, не знаев дека сум застанала на змија“, рекла девојката за „ ABC 13“.

Мајка ѝ помислила дека можеби е и убод од пчела, па врз него ставила малку сода бикарбона, но откако стапалото почнало да потекува и попримило виолетова боја, повикале Брза помош.


Парис ја испратиле во болница, но во меѓувреме била пуштена дома, а ногата ѝ се опоравува, пренесува Дејли Мејл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг