Закерберг го призна пропустот на Фејсбук во 2016-та година во текот на претседателските избори во САД: „Трка во вооружување против Русија, Иран и Кина...“

Точка

21/05/2020

15:45

1.631

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на компанијата Фејсбук, Марк Закерберг признал дека социјалната мрежа доцнела со реагирање на мешањето во американските претседателски избори во 2016-та година и изјавил дека е возможно да има ‘заштита на интегритетот’ во наредните избори во САД.

Фејсбук исто како и Твитер бил критикуван поради пропустите во големите компании за дезинформирање во 2016-та година, вклучувајќи ги и американските претседателски кампањи.

Признавајќи дека Фејсбук имал улога во дезинформациите во текот на последната претседателска кампања во САД, Закерберг во интервју за Би-би-си истакнал дека спречувањето на мешањето во изборите претставува ‘трка во вооружување’ против земјите како што се Русија, Иран или пак Кина.


„Земјите ќе продолжат да се обидуваат да се мешаат и ќе имаме вакви проблеми, но многу од тоа научивме од 2016-та година и убеден сум дека ќе можеме да го заштитиме интегритетот на нашите наредни избори кои што ќе бидат одржани на 3-ти ноември“ – изјавил тој.

Закерберг во истото интервју истакнал дека Фејсбук во текот на пандемијата коронавирус работел на отстранувањето на лажните вести, и им овозможил на луѓето да бидат во контакт со блиските и им помогнал на помалите претприемачи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг