“Пука” од страст помеѓу нив: Меган Фокс се разведува поради оваа снимка?

Точка

21/05/2020

15:24

5.408

Големина на фонт

а а а

По десет години брак, една од најубавите жени во Холивуд, Меган Фокс, и актерот Брајн Остин Грин се разделуваат.

Парот кој пред неколку години веќе го најави разводот, па Меган изненадно се појави со труднички стомак и насмеана покрај сопругот, овојпат дефинитивно става точка на својот брак. Ваквата информација ја потврдил Брајан за американските медиуми кој изјавил дека секогаш ќе ја сака актерката со која има три сина, како и дека таа чудно се однесувала за време на снимањето на својот најнов филм. 


Папараците пред неколку дена ја фотографирале убавата Меган со раперот Машин Ган Кели, со кого моментално го снима филмот “Midnight in the Switchgrass”, а сега се појави вест која како бомба одекна во американските медиуми.

Фокс се појавува во новото видео на младиот рапер, со кого е очигледно многу блиска, за песната “Bloody Valentine”, а во видео спотот двајцата се тркалаат по креветот и делуваат многу опуштено еден покрај друг...

Фановите на Меган и музичарот ги издвоиле овие фотографии како највпечатливи од видеото, за кое се вели дека го разведе еден од најпопуларните парови во светот на славните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг