Откриен втор случај на вработен во градинка позитивен на коронавирус, овојпат во Скопје

Макфакс

21/05/2020

15:02

2.521

Големина на фонт

а а а

Тестирањето на вработените во градинките откри втор случај на заболен од коронавирус.

Овојпат, како што извести Министерството за здравство, се работи за вработен во скопска детска градинка.

Првиот случај на вработен во детска градинка позитивен на коронавирусот беше откриен во Битола на почетокот на тестирањето.

Од планираните речиси 2.000 вработени во градинки, кои треба да се тестираат на коронавирусот пред отворањето на објектите, досега се завршени 1.267.

Тестирањето почна на 14 мај. Се тестираа вработени во детски градинки во Битола, каде што тестирањето е завршено, и во Скопје, а завршен е и дел од тестирањата на вработените во градинките во Велес.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека тестирањето на вработените во градинките ќе трае десетина дена, а кога целосно ќе заврши, се планира и отворање на градинките.

Одлуката да се затворат градинките Владата ја донесе на 10 март годинава кога во земјата беа регистрирани седум случаи на заболени од коронавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг