Познат шпански судија со шокантно тврдење го навлече гневот на јавноста: Над 90% од судиите...

Дерби

21/05/2020

13:14

3.476

Големина на фонт

а а а

Поранешниот познат шпански судија, Итуралде Гонзалез излезе со шокантно тврдење за време на шпанската шоу програма „Ел Ларгеро“.

Гонзалез посочи нешто во врска со своите колеги кои сега ја делат правдата, по кое што го навлече гневот на јавноста.

На прашањето за денешните судии, Итуралде Гонзалез без многу да се двоуми истакна дека најголем дел од нив, односно 90% се на страната на Реал Мадрид.

– Моментално 90% од судиите се на Реал Марид, додека останатите 10% се судии кои ја фаворизираат Барселона, - кратко одговори Итуралде.

Вакви тврдења баскискиот судија имаше и пред околу шест години кога исто така призна дека судиите се навивачки настроени и се на страната на Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг