„Дали го забележавте човекот со маска на лицето кој што се наоѓа позади неа?“, „Морничаво“, се само дел од коментарите под фотографијата која што Џенифер ја објави од својата домашна теретана.
Додека еден дел од нејзините обожаватели го коментирале нејзиното беспрекорно тело, другиот дел од фановите воочиле нешто необично на нејзината селфи фотографија од домашната теретана во Мајами која што пејачката пред некој ден ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.
„Дали го забележавте човекот со маска на лице кој што се наоѓа зад неа?“ – прашал во коментарите некој од корисниците, а некои од луѓето дури покренале теории на заговор.
Луѓето не заборавиле да искоментираат дека пејачката можеби човекот кој што се наоѓа зад неа го држи како заложник во својата сопствена куќа.
Инаку, 50-годишната латино дива моментално е во карантин со својот вереник Алекс Родригез и нивните деца во Мајами.
Парот требаше да се венча ова лето, но поради моменталната ситуација и пандемијата на коронавирусот, го одложиле тој настан за некои подобри времиња.