Точка ТВ: Факти за Титаник кои веројатно не сте ги знаеле

Точка

21/05/2020

21:46

5.390

Големина на фонт

а а а

На 10-ти април 1912-та година, најголемиот британски патнички брод во тоа време наречен „Титаник“, испловил од пристаништето во Саутемптон со над 2 илјади патници и членови на екипажот и тргнал на своето прво патување кон Њујорк.

Два дена после испловувањето се случи една од најпознатите поморски катастрофи на сите времиња. Нешто после полноќ, бродот удрил во санта мраз која го пробила трупот, а после 2 часа и 40 минути бродот потона, при што загинаа над 1,500 луѓе, а 73 години подоцна беше пронајден трупот на дното на Атлантскиот океан. Ова се некои од најинтересните факти во врска со Титаник кои веројатно не сте ги знаеле.

Од 30 машинисти, ниту еден не излегол на палубата за да се обиде да се спаси, туку сите ја вршеле својата должност и го одржувале бродот во функција за останатите да можат да ги спасат своите животи.


Главниот готвач на бродот пиел многу алкохол и на тој начин успеал да го преживее студениот океан цели два часа додека спасувачите не го извлекле од водата.

Од четирите големи оџаци на Титаник, работеле само три, додека четвртиот бил поставен само како украс, затоа што дизајнерите сметале дека бродот изгледа симетрично и помоќно со четири оџаци.

29 дена после трагедијата е направен првиот филм за Титаник. Интересно е тоа што во филмот глумела тогаш 23-годишната американска актерка Дороти Гибсон која го преживеала потопувањето на Титаник.


Најскапиот апартман во првата класа чинел тогашни 870 фунти што денес би изнесувало околу 67 илјади евра.

14 години пред катастрофата, писателот Морган Робертсон напиша книга за еден брод кој не може да се потопи, а бродот го носел називот Титан. Во книгата, бродот удира во санта мраз и потонува.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk