Точка ТВ: Ова се 5-те најмали земји на светот

Точка

21/05/2020

18:06

3.135

Големина на фонт

а а а

Иако не се големи, некои од овие земји се познати по богатството, развојот, бројните туристички атракции и чудесната природа.

Вкупната површина на 5-те најмали земји на светот изнесува 110 квадратни километри, а вкупниот број на жители изнесува околу 90 илјади. Само за споредба, во градот и пошироката околина на кинескиот главен град Пекинг живеат над 21,5 милиони луѓе на површина од 16,410 квадратни километри.

Лихтенштајн е држава со површина од 160 километри квадратни. Ова е единствената држава чија територија целосно се протега на Алпите и се наоѓа помеѓу Швајцарија и Австрија. Често е на листата со најбогати земји на светот, односно по БДП по глава на жител.


Сан Марино има само 61 километар квадратен. Оваа мала земја се наоѓа на источниот дел од Апенините и целосно е опкружена од територијата на Италија. Основана е во 301-ва година, но тогаш била дел од Римското царство.

Уставот на Сан Марино е напишан во 1600-та година, а оваа држава прва била признаена од Франција на Наполеон Бонапарта, а на почетокот на 19-ти век сите држави на Стариот континент.


Тувалу е прекрасна островска земја која има површина од скромни 26 километри квадратни. Се наоѓа јужно од Кирибати и северно од Фиџи, а независна е од 1978-ма година. Иако станува збор за прекрасни острови, сепак оваа земја не заработува премногу од туризмот поради слабата инфраструктура.

Дефинитивно лоша вест за 11-те илјади жители е тоа што поради глобалното затоплување, честите поплави претставуваат закана по самиот опстанок на државата.

Науру со своите 21 квадратни километри е третата најмала земја на светот. Источно од Австралија, се наоѓа во Микронезија и тоа е најмалата островска држава во светот. На островот живеат 12 племиња и токму поради тоа знамето на земјата го краси ѕвезда со 12 краци.


Науру лежи на фосфатна карпа, па овој остров долго бил користен и одржуван поради експлоатацијата на фосфати, се додека сите резерви не биле целосно исцрпени.

Монако – 2 квадратни километри. Земјата со најмногу милионери и милијардери е позната по своите казина и луксуз. Во Монако живеат нешто повеќе од 38 илјади жители што го прави најгусто населената земја на светот. Најпопуларно случување во Монако секако е трката во Формула 1 која се организира на улиците во градот.

Ватикан со само 0,44 километри квадратни е најмалата држава во светот. Најпознатиот и најмал град-држава во светот се наоѓа во срцето на Рим и тоа е седиште на поглаварот на Римокатоличката црква. Како држава Ватикан е основан во 1929-та година како остаток на Папската држава, а денес е дом на околу 800-тина луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг