Србин се пожалил дека добил мал презерватив во банка, па се засрамил кога слушнал за што служи

Точка

20/05/2020

20:56

9.095

Големина на фонт

а а а

Според објавата на Твитер која ја пренесоа многу медиуми во соседната земја, барем во една банка во Србија почнале да делат 'навлаки' за прсти за користење на банкоматите.

На Твитер кружи објава на која се гледа како изгледаат тие навлаки.

„Го добив во банка. Реков: 'Госпоѓо, не е дека се фалам, но овие ми се мали'. Таа ми врати: 'Ставете го на прст кога ќе одите на банкомат'“, пишува под фотографијата со 'презервативите за прсти', кои наводно момче од Србија ги добило.

Фотографијата станала вирална на социјалните мрежи, каде многумина коментирале дека идејата е за пофалба, бидејќи, иако можеби производот е смешен, сепак е многу практичен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг