Според објавата на Твитер која ја пренесоа многу медиуми во соседната земја, барем во една банка во Србија почнале да делат 'навлаки' за прсти за користење на банкоматите.
На Твитер кружи објава на која се гледа како изгледаат тие навлаки.
„Го добив во банка. Реков: 'Госпоѓо, не е дека се фалам, но овие ми се мали'. Таа ми врати: 'Ставете го на прст кога ќе одите на банкомат'“, пишува под фотографијата со 'презервативите за прсти', кои наводно момче од Србија ги добило.
😂😂😂 pic.twitter.com/zcw7T8USYC
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) May 18, 2020
Фотографијата станала вирална на социјалните мрежи, каде многумина коментирале дека идејата е за пофалба, бидејќи, иако можеби производот е смешен, сепак е многу практичен.
Jeste smešno ali praktično!
— Ivana Mrvić (@Ivana1808983) May 18, 2020