Луксуз е мал збор: Приватниот авион на Абрамович е најбезбеден на свет, а фотографиите од неговата внатрешност многумина оставија во чудо...

Точка

20/05/2020

15:43

8.595

Големина на фонт

а а а

По фотогарфиите една работа станува јасна, сопственикот на фудбалскиот клуб Челси очигледно многу добро знае да ужива во својот живот.

Пребогатиот сопственик на фудбалскиот клуб Челси, рускиот милионер Роман Абрамович, поседува импресивен авионски парк од кој се издвојува еден авион – вреден над 70 милиони евра.

Станува збор за „Boing 767-33A ER“, со име „The Bandit“, кој Русинот го купил во 2004-та година, само една година откако го презел фудбалскиот клуб Челси.


Во авионот има сала за јадење со толку голем простор, што може да прими до 30 гости кои што ќе уживаат во вечерата и виното.

Во состав на модификацијата има и вградена кујна, канцеларија и спална соба со брачен кревет. Внатрешноста на авионот направена е од скапоцен метал и дрво, вклучувајќи орнаменти изработени од злато и дрво од костен.

Интересно е тоа што овој авион има еднаков безбедносен систем како „Air Force One“, кој што го пренесува претседателот на САД, Доналд Трамп од едно место на друго.


Во авионот има вграден и антибалистички систем дизајниран за спротивставување на сите балистички ракети. Значи, исто како и „Air Force One“, авионот на Абрамович е најбезбедниот авион на планетата.

Фотографиите може да ги погледнете ТУКА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг