Точка ТВ: Седум загрижувачки предвидувања на Стивен Хокинг за иднината

Точка

20/05/2020

19:53

5.325

Големина на фонт

а а а

Најпознатиот научник по Алберт Ајнштајн, Стивен Хокинг, е познат по своите револуционерни дела во физиката и космологијата.

Тој проба да објасни како дејствува нашата вселена, но некои од неговите ставови за иднината на Земјата и на човештвото се прилично песимистички.

Хокинг сметаше дека една од најголемите закани за човештвото не доаѓа од вселената, туку од она што луѓето го создаваат. Научниците ги проучуваат генетички модифицираните вируси и ги користат за лекување болести, но откриле и други можни примени. На пример, истражувачите што го создале вирусот кој би можел да ги убие клетките на ракот откриле и дека исто така може да ја намали потребата за пиење така што ќе го воведат во невроните кои го контролираат однесувањето на зависникот.

Во својот последен труд „Елегантен излез од вечното ширење“, довршен две недели пред да почине, Хокинг предвидува дека нашата вселена на крајот ќе избледи до мрак бидејќи сите ѕвезди ќе останат без енергија. Затоа, според него, мораме да дојдеме до друга вселена што е можно поскоро ако сакаме да преживееме.

Иако животот на Хокинг зависеше од вештачката интелигенција, тој воопшто не ѝ веруваше. Еднаш рече дека тоа би можело да биде најлошиот изум во историјата на нашата цивилизација бидејќи можеби ќе го замени човекот. Покрај сегашните придобивки од вештачката интелигенција, Хокинг предупреди дека понатамошниот развој на ваквата технологија би можел да биде кобна грешка ако не сме свесни за ризикот што таа би го донела.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk