Оваа баба гејмерка со играње игри започнала пред 39 години, а својот Јутјуб канал на кој објавува по четири видеа месечно го покренала во 2015-та година.
Јапонката Хамако Мори, на 90 години официјално е најстариот гејминг јутјубер на светот, што докажува дека местото во Гинисовата книга на рекорди го заслужила.
Позната е како ‘баба гејмерка’, Хамако има 250.000 следбеници на Јутјуб каналот.
На нејзините клипови може да се види многу, пренесуваат од Си-ен-ен, од отпакувања на конзоли и гејминг геџети, до демонстрација на сериозни гејминг вештини.
Гејминг бабата ги прикажува и своите фанови, а омилена игра и е „GTA“.
Кога ќе се собере целото нејзино животно искуство, најстарата гејминг јутјуберка на светот со задоволство истакнува дека играњето и снимањето видеа за Јутјуб ѝ претставува вистинско задоволство.
Оваа бабичка во своите видеа, често истакнува дека ‘не може да престане да игра’.
„Понекогаш ќе се заиграм, па не престанувам до два часот наутро. Особено кога играм „Dauntless“. Тоа е многу забавно, па не е фер само децата да ја играат“ – изјавила Хамако Мори.
Освен што обожува да игра игри, оваа баба е голем колекционер на конзоли за играње. Првиот примерок во нејзината колекција е „Cassette Vision“, настанат во далечната 1981 година.