Елон Маск завојува со Твитер корисниците, меѓу нив и мајката на неговата сопруга: „Е*ете се двајцата“

Точка

19/05/2020

21:22

7.531

Големина на фонт

а а а

Две недели откако Елон Маск доби дете со пејачката Гримс, нејзината мајка, новинарката Сенди Гаросино го нападна поради статусот кој го објави на Твитер, пренесува „Unilad“.

Маск на својот профил пред два дена објави статус во кој напиша: „Земете црвена таблета.“

Со оваа фраза ги повикува читателите да 'прогледаат', односно да ја дознаат вистината за одредена ситуација, а е преземена од филмот „Matrix“. Фразата станала позната во круговите на левичарите и борците за правата на мажите.

Иванка Трамп му одговорила на статусот на Маск и напишала дека таа веќе ја земала, но не биле сите среќни поради она што го напишал.

„Е*ете се двајцата“, им порачала на Маск и Иванка, Лили Вачковски, телевизиска продуцентка и режисерка на „Matrix“, а ништо поблага не била ниту мајката на неговата сопруга.

„Ако твојата партнерка минуваше низ тешка бременост и се породеше неодамна, и ако имаше повеќе од 16 години, дали би пишувал вакви сра*а на Твитер?“, напишала таа, обраќајќи му се индиректно.

Иако сите статуси се избришани од Твитер, многумина мислат дека 'војната' помеѓу Маск и мајката на Гримес штотуку започнала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг