Најбогатиот Британец потрошил 500 милиони фунти во развој на електроавтомобили - па се откажал

Точка

19/05/2020

19:29

3.703

Големина на фонт

а а а

Како Илон Маск, сер Џејмс Дајсон имал идеја да започне со производство на ексклузивни автомобили на струја, но на крајот сепак не го остварил сонот.

Британската компанија "Dyson", во сопственост на иноваторот Џејмс Дајсон, е позната по своите домашни апарати со радикално поинаков дизајн и многу добра функционалност, но и по високите цени на тие производи. 

А потоа, во септември 2017-та година, сер Џејмс Дајсон го обелоденил планот до 2020-та година да претстави "сосема поинаков" електричен автомобил. Како што навел тогаш, во проектот на неговиот развој требало да вложи дури 2 милијарди фунти.

Автомобилот требало да има специфичен дизајн и да биде наменет за ексклузивна, таргетирана група на клиенти, а не за масовна продажба - што е план сличен на оној што го имал Илон Маск кога на почетокот на овој век ја основал компанијата "Tesla" за производство на луксузни и брзи електрични автомобили.

Меѓутоа, во октомври 2019-та година, по неколку години развој и потрошени 500 милиони фунти, Дајсон сфатил дека неговиот проект сепак нема да ги донесе очекуваните резултати. Бидејќи се обидел да пронајде купец за технологијата и концепт, и во тоа не успеал, и официјално се одлучил да крене раце од сето тоа.

Половина година подоцна, сер Џејмс Дајсон во разговор за "Sunday Times" открил како требало да изгледа неговиот ексклузивен електричен автомобил, кој во текот на развојот имал кодна ознака "N526".

Со должина од 5 метри, ширина од 2 метри и висина од 1,7 метри, "N526" бил замислен како возило во кое комфорно може да се сместат седум лица.

Прототипот од фотографиите изгледа како кросовер со големи тркала и ниска силуета, како и многу закосена шофершајбна.

Дајсон со "N526" на пазарот требало да му се спротивстави на "Model 3" на "Tesla", но по откажувањето на британската компанија од овој автомобил, тоа нема да се случи. Било предвидено цената на овој автомобил да стартува од 150.000 фунти.

Сер Џејмс Дајсон се смета за најбогат Британец, а се проценува дека е тежок околу 16 милијарди фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг