Бизарна маска со која можете да јадете – се отвора со далечински управувач или автоматски

Точка

19/05/2020

15:03

1.549

Големина на фонт

а а а

Тим истражувачи од Израел креирале заштитна маска за лице која не мора да се вади за време на јадењето.

Со помош на далечински управувач, маската се отвора и ви овозможува да јадете, што би можело да го намали ризикот од инфекција од коронавирус во текот на посетата на ресторан. Функционира така што со притисок на рачката се отвора предниот дел од маската и залакот може да пројде низ неа. 

“Маската механички се отвора со помош на далечински управувач, но може и автоматски, кога ќе ја приближите вилушката”, објаснил Асаф Гителис, потпретседател на компанијата со седиште во околината на Тел Авив – “Avtipus Patents and Inventions”.

“Со користењето на оваа маска можете да јадете, пиете и уживате додека сте заштитени од коронавирусот”, додал Гителис.

Од компанијата соопштиле дека планираат почеток на производство на овие маски за неколку месеци и дека веќе го пријавиле патентот. Очекуваната цена за едно парче се движи од 0,85 до 2,85 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг