Точка ТВ: За некои од нив можеби сте слушнале – чудни, а воедно и најневеројатни места на планетата Земја

Точка

19/05/2020

13:37

2.556

Големина на фонт

а а а

Светот во кој денес живееме ни подарил неверојатни места и локации кои го прават поубаво место за живеење. Преубави континенти, бесконечно сини океани, зелени џунгли... Но, дали сте слушнале за овие неверојатни, чудни локации на планетата Земја?

1. Окото на Африка

Кога се набљудува од вселената, ова место изгледа како човечко око. Ова неверојатно и чудно место се наоѓа во Сахара и претставува елипсовидна, камена структура која што се протега на 40 километри во ширина. Како оваа преубава и камена формација настанала до денес е мистерија, но секако дека сме благодарни што мајката природа ни дала ваква убавина.

2. Сината дупка во Белизе

Оваа сина дупка се наоѓа на Бахамите, а името го добила по својата длабочина и сина боја. Сината дупка изгледа како подводна пештера и се спушта 14 километри под водата. Некои од нуркачите тврдат дека токму на тоа место забележале некои нови видови риби и подводни организми.


3. Остров Сокотра

За ова место се верувало дека е „Новиот свет“, затоа што некогаш било целосно празно и изолирано од останатиот свет. Чудниот животински и растителен свет ова место го прават уникатно за окото на набљудувачот. Таму има некои видови растенија и животни кои што не можат да се забележат на ниту едно друго место на планетата Земја. На овој остров се наоѓа едно од најпопуларните дрвја – Змејска крв.

4. Памуккале

Пред неколку илјадници години, во Турција поради силен земјотрес се создале уникатните езера. Овие природни базени изгледаат неверојатно и волшебно, а водата во нив содржи голема количина калциум карбонат. Ова место моментално е затворено за посетители од страна на „UNESCO“ за да се сочува неверојатната креација на природата.


5. Бермудски триаголник

Бермудскиот триаголник или ‘Ѓаволскиот триаголник’, со векови ги интригира луѓето ширум светот. Ова мистериозно место станало популарно поради исчезнувањето на големиот број бродови и авиони без трага.

Сè уште не е докажано што е причината за тоа. Некои велат дека Бермудскиот триаголник е премин во друга димензија, додека пак други тврдат дека таму се наоѓа некаква вонземјанска технологија која што им пречи на радарите и останатите уреди за навигација. Ова место дефинитивно е една од најголемите мистерии на планетата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг