Тројца починати и 25 нови случаи на Ковид-19

Точка

18/05/2020

14:39

3.429

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа се регистрирани тројца починати пациенти од ковид-19. Регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Според информациите, направени се 250 тестирања на коронавирус.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.

Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 628, активни 152

• Куманово – 416, активни 31

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-36, активни 2

• Прилеп –200, активни 63

• Тетово – 147, активни 79

• Струга – 70, активни 4

• Велес – 121, активни 50

• Битола –27, активни 8

• Охрид –21, активни 6

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –19, активни 2

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 2, активни 0

• Крива Паланка- 6, активни 2

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 4

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 1

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 1

• Виница – 2, активни 0

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 1

Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода -18 и МАНУ -100. Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг