Уште еден министер во Русија заболен од коронавирус

Макфакс

14/05/2020

20:30

1.116

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека рускиот министер за образование, Валериј Фалков, бил позитивен на коронавирус.

Тој е шести висок функционер во Русија заболен од Ковид-19. Во земјата има повеќе од 250.000 заболени.

На седница на Владата, која се одвиваше преку видеоврска, Путин рекол дека не е тајна дека Фалков (41) бил позитивен на коронавирус, но кажал дека оздравел.

Фалков е четврти член на руската Влада за кој се знае дека бил заболен од Ковид-19, вклучувајќи го премиерот Михаил Мишустин, кој сè уште е на лекување.

Претходно, оваа недела и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е заболен од коронавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг