Одржана традиционалната Конференција за професионална ориентација на Ротари клубот Скопје-Камен мост, овој пат виртуелно

Точка

12/05/2020

16:47

1.518

Големина на фонт

а а а

На 9 мај, виртуелно преку платформата ZOOM, како последица на пандемијата на Covid 19 вирусот, традиционално по 8-ми пат, се одржа конференцијата за професионална ориентација на млади, оваа година под мотото "Мојата иднина, моја одлука”.

Настанот беше во организација на Ротари клубот Скопје Камен Мост, во соработка со Меѓународното училиште НОВА, и имаше за цел да даде поддршка на младите и талентирани луѓе во остварување на нивниот целосен потенцијал, како и да помогне во изборот на нивна идна професионална кариера.


За времетраење на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост го споделија сопственото искуство од својата професија, а истото го сторија и неколку еминентни гости говорници, Никица Мојсоска, извршен директор на Македонија 2025, Александар Поповски, режисер, и Невенка Димитрова, професор на New York Medical College, со средношколците од цела Македонија. Овој традиционален настан, во изминативе осум години го имаат посетено повеќе од 900 средношколци од 25 средни училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценето како успешен и извонредно корисен при носењето на одлука во која насока да го продолжат своето образование.


Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг