Протекоа нови детали за несреќата на Коби и Џиана, поднесени се и тужби!

Точка

11/05/2020

19:00

6.167

Големина на фонт

а а а

Претставниците на пилотот кој што управувал со хеликоптерот на кобниот 26-ти јануари кога легендарниот НБА ас Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, заедно со уште шест луѓе починаа, тврди дека Зобајан не е виновен за трагедијата.

Несреќата се случи во Калабасас во Калифорнија, а починаа девет луѓе, сопругата на Коби сега поднесе тужба против работодавачот на пилотот, фирмата „Island Express Air“, а потоа и против пилотот.

„TMZ“ кој иницијално извести за трагедијата, сега го пренесува и продолжението од приказната чиј епилог ќе го добие на суд:

„Сите повреди или штети нанесени на тужителите или пак нивните настрадани се директно, дел или пак во целост предизвикани од незнаење, невнимателност или пак по грешка на тужителот или нивните настрадани, вклучувајќи го и нивното свесно и доброволно соучество со вклучени ризици, па ова невнимание бил голем фактор во настанатата штета за која бранителот не сноси одговорност“ – стои во репликата на тужбата на Венеса Брајант.


Тој кобен ден, поради маглата, полицијата на Лос Анџелес и останатите агенции ги приземјиле своите летала поради лошата видливост.

Пилотот во конкретниот случај морал да кружи околу 15 минути околу областа Грифит парк, пред да добие дозвола да се упати кон академијата „Мамба“.

Во одговорот на тужбата не се прецизира како точно патниците допринеле во несреќата со своја намера или пак како Кови Брајант и останатите можеле да го проценат ризикот, кога пилотот го контролирал хеликоптерот.

Леталото ‘се срушило’ на брдо кога летало со брзина од 184 милји на час, односно околу 296 км/ч.




Спонзорирани линкови

Маркетинг