Пеколен напад во Либија! Силите на Хафтар бомбардирале турски команден штаб: Од денес очекувајте пријатни изненадувања

Точка

07/05/2020

20:36

5.431

Големина на фонт

а а а

Борбената авијација на Либиската национална армија на генералот Халифа Хафтар, извела серија напади на платеници од Сирија и турскиот команден штаб во градот Мисурат, на 200 километри источно од Триполи, соопштила телевизијата "Sky News Arabia".

Според податоците на воените извори на телевизијата, на мета на авијацијата бил воздухопловниот колеџ кој, како што се тврди, сириските платеници и турската војска го претвориле во база. Нападнато било и складиштето со оружје и муниција во Мисурат

Освен тоа, официјалниот претставник на Либиската национална армија, генерал-мајор Ахмед ел Мисмари, соопштил дека осум борци на војската на Хафтар загинале во судирот со силите на Владата за национален спас на Фаиз Сараџ.

"Осум војници на либиската војска беа убиени, додека ги одбиваа нападите на милитантите од Триполи", рекол Ел Мисмари, нагласувајќи дека тие загинале во текот на нападот на единицата на Владата за национално единство на базата Ел Вати, која ја контролира Либиската национална армија, на околу 100 километри југозападно од Триполи. Според неговите зборови, нападот бил одбиен, додека на противникот му биле нанесени големи загуби.

Ел Мисмари повторно ветил дека главниот град ќе му биде вратен на либискиот народ.

"Од денес очекувајте пријатни изненадувања. Друго нема да кажам", нагласил Ел Мисмари. Потсетуваме, претходно генералот Халифа Хафтар соопштил дека ги раскинува сите политички договори и ја презема власта во земјата.

Либиски судир

Во Берлин на 19-ти јануари била одржана меѓународна конференција за Либија, на која учествувале лидерите на Русија, Германија, Франција, САД, Турција, Египет и други земји, како и Европската унија и Обединетите нации. Премиерот на Владата за Национално единство на Либија, Фајез Сараџ и командантот на Либиската национална армија Халифа Хафтар присуствувале на самитот, иако ни таму не дошло до организација на директни преговори меѓу нив.

Главниот резултат на Берлинската конференција бил повик за прекин на огнот во Либија, а вмешаните страни да се воздржат од мешање во судирот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг