Девет работи кои не сте ги знаеле за Индијана Џонс

Точка

11/06/2020

14:00

6.534

Големина на фонт

а а а

Џорџ Лукас, Стивен Спилгерг и Харисон Форд се дефинитивно тим за големи дела, а тоа го потврдија во летото 1981 кога филмаџиите ширум светот се запознаа со новиот акционен херој.

Во наредните години снимени се уште три продолженија, а се зборува дека следната година не чека и петтиот дел. Ова се податоците кои можеби не сте ги знаеле за ова култно остварување:

# "Индијана" всушност го добил своето име по алјаскиот маламут на Џорџ Лукас. Тој бил прототип и за ликот "Чубака" од "Војна на ѕвездите".

 # Лукас и Спилберг биле на Хаваите кога ја разработиле идејата за филм. Приказната почнала така што Спилберг изразил желба да режира филм за Џејмс Бонд, а Џорџ Лукас кажал дека има подобра идеја.

Лукас на почетокот не сакал да го ангажира Харисон Форд, бидејќи тој веќе бил во два негови филма.


 # Лукас и Спилберг најпрвин ја понудиле главната улога на Том Селек, кој не можел да прифати улогата поради улогата во серијата "Магнум П.И." за која добил две награди Еми и еден Златен глобус. Инаку, Том Селек е американски глумец со српско потекло.

 # Како би била снимена познатата сцена Вел од Соулс биле потребни 7000 змии да го покријат подот. Интересно е тоа што Харисон Форд не се плаши од змии, за разлика од ликот кој го глуми.

 # Клубот кој го поседува Лао Че во делот "Индијана Џонс и проклетиот храм" се вика Оби Ван по примерот на ликот од "Војна на ѕвездите".

# Џорџ Лукас сакал "Проклетиот храм" да биде многу помрачен од "Грабнувач на изгубениот ковчег" бидејќи во тој момент се разведувал.

# Кејт Кепшо не знаела да вришти,а бидејќи нејзиниот лик имал многу сцени со вриштење, Спилберг морал да ја научи како се прави тоа. 

# Кепшо и Спилберг имале афера на снимањето на филмот "Индијана Џонс и проклетиот храм", иако Стивен во тоа време бил оженет. Набрзо се развел и се венчал со Кејт. Во овие денови треба да се забавувате, потсетете се на овој филмски серијал, а доколку сакате и добро да заработите, посетете го "mozzart.com" каде покрај бонусот од 100 евра за нови корисници и другите бонуси за постоечките корисничи, ве чека и играта "John Hunter" што многу потсеќа на авантурите на Индијана Џонс.

ЗАПОЧНИ



Спонзорирани линкови

Маркетинг