Цел Запад насочен кон Москва – Русите развија метода за лечење на коронавирусот со помош на хелиум

Точка

23/04/2020

10:38

4.820

Големина на фонт

а а а

Руските научниците тестираат метода на примена на хелиум во лечењето на коронавирусот, соопштила прес-службата на Одделението за здравство од руската престолнина.

„Рускиот апарат за терапија со хелиум моментално се тестира во научно-истражувачкиот Институт за брза помош „Склифосовски“ во Москва. Новитетот веќе покажа интересирање во 10 земји – САД, Франција и други европски земји“ – соопштила прес-службата.

Како што се наведува, лечењето на акутните белодробни болести со помош на хелиум е ефикасно поради посебното својство на тој гас. Според мислењето на експертите, хелиумот може да спречи хипоксија, што би допринело за рана превенција при компликации, предизвикани од коронавирусот.


„Технологијата е експериментална. Терапијата ќе се спроведува со помош на посебен уред. Пациентите 15 минути ќе вдишуваат хелиум оксид загреан на 92 степени. Истовремено, тоа ја подобрува дифузијата на кислородот низ алвеоларната мембрана покрај зголемениот проток на крв во белите дробови, се намалува отпорот на дишните патишта, а мускулите се опуштаат.

На таква температура можно е ослабнување на самиот вирус, а пациентите нема да чувствуваат непријатност поради зголемената телесна температура, а процедурата може да се спореди со посета на сауна“ – објаснува експертот.

Покрај тоа, хелиумот го подобрува снабдувањето со крв и микроциркулација во различни ткива во организмот, што е многу важно затоа што нарушената микроциркулација е една од главните причини за смрт од коронавирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг