Коронавирусот влегол во дом за стари лица: Починал 31 штитеник - персоналот едноставно исчезнал!

Точка

12/04/2020

13:15

8.068

Големина на фонт

а а а

Франсоа Лего, премиерот на најголемата провинција Квебек, вчеравечер соопштил дека во еден дом за стари лица со медицински персонал во Монтреал, починал 31 штитеник, откако во домот се појавил коронавирус, а голем дел од вработените едноставно 'исчезнал'.

Потврдено било дека петмина станари во домот биле заразени, а останатите починале како резултат на негрижа, бидејќи не добивале лекови за сериозни хронични заболувања од кои инаку боледувале.

Трагедијата не можела да се предвиди ниту на 26-ти март, кога еден пациент од домот бил упатен како сомнителен на корона во еврејската општа болница, каде му бил дијагностициран Ковид-19, и во истата болница набрзо починал.

Три дена подоцна во самиот дом починал уште еден станар.

Веднаш потоа, здравстената инспекција влегла во домот и ги затекнала штитениците препуштени сами на себе, без храна и лекови, во сопствениот измет, како што пренесуваат тамошните медиуми.

Инспекцијата констатирала дека во меѓувреме голем дел од персоналот едноставно престанал да се појавува на работа, како што се претпоставува, поради страв од коронавирусот, и се разбира, апсолутно отсуство на елементарна одговорност и хуманост, и притоа здравствените органи не биле известени што се случува.

Владата на Монтреал, според премиерот Лего, дури вчера била извстена дека 31 штитеник на домот е починат. Покрената е кривична истрага. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг