Половина милион заразени во САД, само за еден ден починале над 2000 лица

Макфакс

11/04/2020

12:13

882

Големина на фонт

а а а

Половина милион луѓе се заразени со коронавирус во САД, а само за еден ден починале над 2000 лица. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, во последните 24 часа починале 2.108 пациенти, со што САД наскоро ќе ја надминат Италија како земја со најмногу жртви на коронавирусот.

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во САД се зголемува секојдневно за 30.000 до 35.000 откако тестирањето стана подостапно.

Експертите за заразни болести предупредуваат дека е прерано да се ублажат мерките воведени за спречување на коронавирусот.Истражувачите сметаат дека земјата ќе го достигне врвот на епидемијата в петок, по што предвидуваат околу 970 мртви на ден до 1 мај.

Економските експерти, пак, прогнозираат дека во април во САД без работа ќе останат повеќе од 20 милиони луѓе. Прогнозите се дека економијата би можела повторно нормално да функционира во мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг