Во Јужна Кореја пациенти кои биле прогласени за излечени, повторно позитивни на коронавирус

Макфакс

10/04/2020

20:54

2.264

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејските власти соопштија дека 91 пациент кои наводно биле целосно излекувани од вирусот с.е повторно позитивни, а експертите се обидуваат да утврдат како тоа се случило.

Директорката на Центрот за контрола и превенција на болести, вели дека поголема е веројатноста вирусот да се реактивирал, отколку што пациентите повторно да се заразени.

Сепак, останува нејасно што го предизвикува ваквиот тренд, а епидемиолошките студии се во тек.

Можноста луѓето повторно да се инфицираат со вирусот е причина за меѓународна загриженост, бидејќи многу земји се надеваат дека заразеното население ќе развие имунитет за да се спречи појава на пандемија во иднина, пренесува Ројтерс.

Скоро 7.000 луѓе се опоравија од коронавирусот во Јужна Кореја.

Постојат експерти кои укажуваат на погрешни резултати од тестовите или пак дека вирусот останал во системот на пациентот, но дека тој не е заразен и опасен за домаќинот и за другите луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг