Нема лекови и вакцина, но Јужна Кореја успеа да им помогне на заразените: Двајца пациенти ја победиле короната после оваа терапија

Точка

10/04/2020

09:42

2.169

Големина на фонт

а а а

Двајца постари Јужнокорејци заразени со коронавирус се опоравиле од тешкото воспаление на белите дробови откако биле лекувани со плазма на пациенти кои што оздравеле од вирусот.

Јужнокорејските научници утврдиле дека заболените од коронавирусот можно е да бидат излекувани со крвната плазма од пациентите кои што ја совладале таа болест, а која содржи потенцијално корисни антитела.

Терапијата со плазма би можела да биде „алтернативно лекување за пациентите во критична состојба кои не реагираат добро на антивирусните лекови“, изјави Чои Јун-Јонг, доктор во болница во Сеул каде што биле излекувани двајцата пациенти со оваа метода.

Сепак, јужнокорејските доктори нагласија дека и натаму се потребни опсежни клинички тестирања за да се докаже ефикасноста.


Еден од пациентите е 71-годишен маж чија здравствена состојба се подобрила откако добил антитела од излекуван пациент на возраст од 90 години, со стероиди. Здравствената состојба на другата, 67-годишна пациентка претходно не се подобрила откако била применета терапија со лекови против маларија и терапија со кислород.

Квон Јун-Вок од Центарот за контрола на болести во Сеул оцени дека лекувањето со плазма е важно со оглед на тоа што се уште за болеста не постојат лекови и вакцини. Терапијата на лекување со плазма веќе се покажа ефикасна и во борбата со други заразни болести како што се еболата и САРС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг