Омилен рецепт за оние кои постат: Солени вафли со семиња

Точка

09/04/2020

21:57

3.882

Големина на фонт

а а а

Одлична загуска со пиво додека гледате филм или правите нешто друго во изолација.

Сè што ви е потребно

- 200гр. брашно
- 70мл. пиво
- 1/2 прашак за пециво
- 50 гр. посен растопен маргарин (или 50мл. масло)
- сол
- 3 лажици сусам
- 2 лажици семки од тиква
- 2 лажици ленено семе
- 1/2 лажица ким 

Подготовка

Истурете го брашното со прашакот за пециво и додадете ги сите набројани состојки, па замесете го тестото. Вклучете го апаратот за вафли, направете топчиња и притиснете ги со дланката. Печете во апаратот додека не добијат црвеникава боја.

Одлична посна загуска која совршено оди со пиво. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг