Пензионери се изненадиле кога слушале дека некој им ги платил сметките: „Мислев дека сонувам“

Точка

09/04/2020

21:30

3.324

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер, сценарист, режисер и продуцент, Тајлер Пери, ги воодушевил постарите граѓани во еден трговски центар.

Имено, Тајлер ги платил нивните сметки за намирниците.

„Погледнете ги тие лица. Можете да ги видите солзите и насмевките преку маските“, напишал еден Твитер корисник.

„Дојдов рано ра испазарам. Побрзав да земам сè што ми треба. Се израдував кога видов дека има доволно намирници, јајца, брашно... Откако на касата сè ми беше куцнато, продавачката рече дека сè платил Тајлер Пери. Беше 7 часот наутро, уште го немав испиено првото кафе, па мислев дека сонувам“, раскажал еден од среќните купувачи.


„Добри луѓе има насекаде. Тајлер тоа го докажа низ годините“, „Доказ дека хуманоста уште е жива“, „Прекрасен гест“, коментирале луѓето на социјалните мрежи.

Инаку, 50-годишниот Пери во 2011-та година магазинот „Forbes“ го прогласи за најплатена личност во светот на забавата. Помеѓу мај 2010-та и мај 2011-та година, заработи 130 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг