Полицијата во БиХ фатила 11 лица додека печеле јагне за време на полициски час

Макфакс

09/04/2020

21:08

2.523

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Босна и Херцеговина прекршочно казнила единаесет лица поради кршење на забраната за движење за време на полициски час, потврдија властите во земјата.

Полициска патрола пронашла група составена од единаесет лица кои печеле јагне на излетничко место кај Србац во средата вечерта.

Меѓу нив имало и лица над 65 години, на кои им е целосно забрането да ги напуштат своите домови, додека другите ја прекршиле забраната за напуштање на своите домови помеѓу 20 и 5 часот наутро.

„На лицата им се издадени прекршочни налози во согласност со одредбите на Законот за јавен ред и мир“, соопшти полицијата.

Полицијата уште еднаш апелира да се почитуваат ограничувањата што се применуваат за време на полицискиот час, предупредувајќи дека тоа е исклучително важно за да се спречи ширење на коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг