Швеѓаните го игнорираа вирусот, а сега почнува хаосот: Наредено постарите пациенти да не се примаат на интензивна нега

Точка

09/04/2020

20:55

28.339

Големина на фонт

а а а

Раководството на болниците во Шведска на лекарите им издало наредба пациентите постари од 80 години во текот на лечењето на коронавирусот да не ги ставаат во одделенијата за интензивна нега.

Весникот "Афтонбладет" пишува дека таквата наредба прво ја дало раководството на Универзитетската болница Каролнска, која во пошироката светска јавност е позната по научните истражувања. 

Во истиот документ, раководството на болницата на лекарите им наложило на интензивна нега приоритетно да не праќаат ни пациенти постари од 60 години, ако веќе имаат некоја хронична болест.

Раководството на болниците е соочено со жестоки критики откако наредбата за лекарите протекла во јавноста, а од болниците соопштиле дека медицинските приоритети за праќање на интензивна нега секогаш се одредуваат на основа на шансите за закрепнување на пациентите

"Не може да се применува интензивна нега за пациенти кои немаат големи изгледи за преживување", се наведува во соопштението.

Во Шведска со коронавирус досега се заразени 9.141 лица, а починале 793 луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг