Во Саудиска Арабија 150 членови на кралското семејство би можеле да бидат заразени со коронавирус, соопштил "New York Times" повикувајќи се на свои извори.
Се истакнува дека еден од принцовите, кој е гувернер на Ријад, е хоспитализиран.
Кралот на Саудиска Арабија, Салман ибн Абдел Азис ел Сауд се самоизолирал на еден остров во Црвеното море, во близина на градот Џеде.
Саудискиот принц Мухамед бин Салман ел Сауд исто така се наоѓа во самоизолација, како и бројни министри.
Подготвени се 500 кревети наменети за кралското семејство во елитна болница.
Претходно во Саудиска Арабија бил воведен строг карантин поради коронавирусот. Дозволено е само одење во аптеки и продавници.
Во кралството моментално има 2.795 потврдени случаи на заразени со короанвирус, а починало 41 лице.
Исто така се зборува за можна забрана за одење на аџилак оваа година поради закана за ширење на пандемијата.