Милијардерот Марк Кубан изјавил дека капитализмот поради пандемијата на коронавирусот ќе стане "посочувствителен".
"Мислам дека капитализмот ќе стане многу попаметен и посочувствителен поради ова низ што минуваме", рекол Кубан за CNBC.
Кубан, сопственик на NBA клубот Dallas Maverics, рекол дека мисли дека раководителите сега ќе препознаат дека треба приоритет да им дадат на вработените, пренесува порталот SEEbiz.
"Не може да се работи само за акционерите", рекол Кубан. "Всушност морате да ги ставите вработените пред акционерите".
Последните недели Кубан бил огорчен бидејќи се засилила пандемијата на коронавирусот.
Кубан ги предупредил компаниите дека прерано ги враќаат вработените на работните места и вршел притисок на законодавците во Вашингтон да ги поддржат работниците кои се под влијание на економскиот шок.
Исто така, рекол дека секоја компанија која добива државна помош за сопирање на пандемијата би требало да биде спречено во повторното купување на сопствените акции на пазарот.