Пациенти ни умираат по ходници, луѓе, тука е како во војна! Не можеме да постигнеме! Хорор во американска болница

Точка

09/04/2020

18:20

4.254

Големина на фонт

а а а

Вработените во болницата Синај-Грејс во Детроит за CNN раскажале шокантна приказна за условите во кои работат со пациентите кои боледуваат од коронавирус.

Болницата е толку пренатрупана со пациенти, што медицинскиот персонал нема избор туку во една соба да става по четворица, иако е вообичаено да не се повеќе од двајца. Поради недостигот на простор, пациентите на респиратори лежат во ходниците, каде се мешаат со луѓе кои дошле да побараат помош од некоја друга причина. 

Сестрите рекле дека виделе две лица кои умреле на креветите во ходникот, а има толку многу луѓе што едноставно не стигнуваат да се погрижат за сите. Еден пациент починал бидејќи едноставно никој немал време да дојде до него за да види дека нема пулс. На друг му се откачил респираторот, но ни тоа никој не стигнал да го види, рекле за CNN.

Поради неиздржливата ситуација седум сестри во саботата навечер одбиле да продолжат да работат додека итно не им се пратат засилувања во вид на сестри од другите болници.

Мичиген според бројот на случаи на зараза е трета држава во САД. Пред помалку од еден месец имало околу 300, а сега се повеќе од 20.000. Проблем за болницата Синај-Грејс е фактот дека се наоѓа во близина на неколку старечки домови, од каде се повеќе заразени доаѓаат по помош.

"Немаме избор. Ги ставаме пациентите каде и да стигнеме. Во операционата сала, во ходниците и во сите простории кои можеме да ги користиме. Не знаеме уште колку ќе можеме вака. Луѓето ни се при крајот на силите", рекол директорот на болницата Брајан Тејлор.

Четворицата вработени кои анонимно зборувала за CNN раскажале дека по ходниците слушаат звуци на тревога од респираторите, но едноставно не стигнуваат да ги проверат сите пациенти.

"Пациентите кои се во многу тешка состојба и кои имаат видливи симптоми на коронавирус не се ни обидуваме да ги реанимираме бидејќи се во премногу лоша состојба и ризикот од зараза е огромен", рекле тие.

"Болницата изгледа како воена зона. Пациентите се насекаде, опремата исто така. Владее хаос, лекарите и сестрите трчаат наоколу, апаратите свират", рекол еден човек вработен во итната служба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг