LG го претстави дизајнот на своите нови паметни телефони...

Точка

09/04/2020

17:50

1.783

Големина на фонт

а а а

Паметните телефони на LG во изминатите години беа многу слични еден со друг, меѓутоа тоа наскоро ќе се промени.

LG го претстави новиот „дизајнерски јазик“ за кој од јужнокорејската компанија велат дека ќе се разликува од „индустрискиот тренд“. Камерите во облик на „капки од дожд“ ќе имаат помали леќи, а ЛЕД блицот ќе биде сместен под нив за сето тоа да изгледа на капки кои паѓаат надолу.

LG ќе го користи и новиот 3D Arc Design елемент кој го сочинуваат симетрични закривувања на предната и задната страна од телефонот. Други детали засега нема, освен тоа дека новиот дизајн ќе биде присутен ширум понудата на LG.


„Нашите нови паметни телефони ќе бидат базирани на богатата историја на класични дизајни на LG кои секогаш беа препознатливи на прв допир. Уредот ќе биде вовед во она што ќе го има секој нареден паметен телефон на LG“, соопштија од компанијата.

Првиот паметен телефон кој ќе го следи новиот дизајнерски тренд на LG се очекува да биде претставен на 15-ти мај. Според гласините, телефонот би требало да го користи Snapdragon 765 процесорот на Qualcomm со интегриран 5G модем, а целта на LG ќе биде телефонот исто така да биде пристапен кога е во прашање цената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг